дома Локално Облачно со сончеви периоди, од среда дожд

Облачно со сончеви периоди, од среда дожд

 Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди со слаб до умерен ветер од северен правец. Кон крајот на денот облачноста ќе се намалува. Минималната температура денеска ќе се движи во интервал од 3 до 11, а максималната од 16 до 22 степена.

Во Скопје, слично време со минимална температура до 8 и максимална температура до 20 степени.

До вторник ќе се задржи стабилно време со дневни температури малку под просекот за овој период од годината, а веќе од среда под влијание на влажни воздушни маси, се очекуваат повторно локални врнежи од дожд. Дневната температура ќе опадне за неколку степени.

ПредходнаЕден загинат и тешко повредено 18-годишно момче во директен судир на две возила на експресниот пат Штип – Велес
СледнаЌе се гради авантуристички парк во Студено, област Голо Брдо, нов чекор за туристичко оживување на областа