дома Магазин Почина Илија Темелковски, поранешен селектор на машката ракометна репрезентација

Почина Илија Темелковски, поранешен селектор на машката ракометна репрезентација

Илија Темелковски, поранешен селектор на Машката ракометна репрезентација почина на 71-годишна возраст.

– Ракометната и спортската јавност, денес изгубија вреден спортски работник , Ракометната Федерација на Македонија упатува искрено и длабоко сочуство до семејството на Темелковски, соопштија од Ракометната федерација на Македонија.

Погребот ќе се одржи утре во 11:30 часот на Градски гробишта во Бутел.

Темелковски беше селектор на Машката ракометна федерација во времето кога за репрезентацијата играа Кире Лазаров, Наумче Мојсовски, Борко Ристовски…. Тој ја водеше македонската машка репрезентација на Светското првенство во 2009 година.

ПредходнаПочина Владо Петров, еден од полициските службеници осомничени за пожарот во Кочани
СледнаАхмети од Дебар: На 19 октомври нема локални избори, туку национален референдум