дома Македонија Мицкоски очекува од посетата на Фон дер Лајен реафирмација за позициите за...

Мицкоски очекува од посетата на Фон дер Лајен реафирмација за позициите за членство во ЕУ

Премиерот Христијан Мицкоски од посетата на претседателката на Европската комисија која утре треба да пристигне во Скопје очекува да бидат реафимирани позициите на државата за полноправно членство во Европската унија, но и дека во тој процес придонес ќе даде и Унијата.

– Изминативе 25 години како полека да го изгубивме образот, чекарјќи по тој пат, како малку да остана од тоа достоинство и тој образ чекарќи кон тој пат. Се надевам дека ќе има испорака и од страна на Европската унија, за малку барем да го зачуваме образот пред да влеземе, затоа што со изгубен образ и достоинство ниту на нив нема да им вршиме работа, а оваа Влада нема намера повеќе да губи од достоинството, изјави денеска Мицкоски.

Посетата на Фон дер Лајен на Скопје е дел од нејзината посета на државите од Западен Балкан.

ПредходнаПочина Панчо, член на „ДНК“ кој беше повреден во пожарот во „Пулс“
СледнаМомче од Скопје украло велосипеди и тротинети за помалку од 20 дена