дома Македонија Момент на слабост, вели Мицкоски за разрешениот директор на Неврологија

Момент на слабост, вели Мицкоски за разрешениот директор на Неврологија

Тоа што се случи, се случи и не треба да се враќаме назад. Момент на слабост, вака премиерот Христијан Мицкоски за случајот со сега поранешниот директор на Клиниката за неврологија Игор Кузмановски кој беше снимен како меша бела прашкаста материја.

Мицкоски денеска изјави дека докторот имал импозантна биографија и дека имал момент на слабост кој ќе го следи во текот на неговиот приватен живот.

– Кога ќе ја погледнете биографијата на професорот и мој колега, ќе дојдете до заклучок дека станува збор за импозантна биографија која многу ретко ја има. Тоа е момент на слабост кој го имал поранешниот директор и претпоставувам дека тоа ќе го следи во текот на животот и тоа е негова приватна работа, јас тука немам што да кажам. Ние како Влада тоа што требаше, направивме и реагиравме веднаш откако оној нелегален материјал се појави на социјалните медиуми, рече Мицкоски.

Кузмановски беше веднаш разрешен откако излезе видео снимката и беше назначен нов директор. Министерот за здравство Азир Алиу најави разгледување на можноста за воведување токсиколошки тестови за здравствените работници, а денеска изјави дека ќе се разгледа можноста дали ова може да се вметне во некои од законите.

ПредходнаГрчките острови бараат туристички такси
СледнаЌе се реновира Железничката станица во Скопје, ќе се задржи автентичниот изглед