дома Македонија Момче од Скопје украло велосипеди и тротинети за помалку од 20 дена

Момче од Скопје украло велосипеди и тротинети за помалку од 20 дена

Деветнаесетгодишник од Скопје за помалку од 20-тина дена извршил четири тешки кражби на велосипеди и електрични тротинети со што се стекнал со противправна имотна корист од околу 170 илјади денари.

Основното јавно обвинителство Скопје соопшти дека против него е поведена постапка за кривично дело „тешка кражба“ и  кривично дело „одземање на моторно возило“.

Во периодот од 22.09 до 09.10.2025 година, осомничениот при кражбите користел сила за да ги скрши сигурносните сајли со кои биле обезбедени превозните средства и да ги одземе.

На 28 септември осомничениот противправно одзел туѓо моторно возило –  мопед, вреден 60.000 денари со намера да го употреби за возење.

Јавниот обвинител доставил предлог за определување мерка притвор за осомничениот, бидејќи, како што информираат од Обвинителството, тоа е единствен начин да се обезбеди неговото присуство во понатамошната кривична постапка.

ПредходнаМицкоски очекува од посетата на Фон дер Лајен реафирмација за позициите за членство во ЕУ
СледнаИзраелците отворија оган, убивајќи 5 Палестинци. Во Израел, гнев поради телата на заложниците