дома Магазин Џенифер Анистон сподели зошто никогаш не помислила да посвоји дете

Џенифер Анистон сподели зошто никогаш не помислила да посвоји дете

Во нејзиното последно интервју за Harper’s Bazaar UK порано овој месец, Џенифер Анистон зборуваше за нејзината 20-годишна борба да стане мајка, вклучувајќи го и поминувањето низ процедурите за ин витро оплодување и достигнувањето на фазата кога таа веќе се откажала од размислувањето за бременост.

Кратко по интервјуто за британското издание, 56-годишната актерка повторно искрено коментирала за проблемите со неплодноста и споделила зошто никогаш не помислила за посвојување на дете.

Во разговор за подкастот Armchair Expert, во кој Џенифер Анистон беше гостин, една од домаќинките ја допре темата за посвојувањето откако сподели повеќе за нејзиното лично искуство со замрзнување на јајца.

Откако Моника Падман изјавила дека е неодлучна за тоа дали сака деца и забележала дека “можеби е во ред да не сакаш”, таа одлучила да ја праша актерката дали нашла мир откако веќе поминала низ нејзиното патување во борбата да стане мајка.

Слика 703255

“Толку е мирно. Но ќе кажам дека во одреден момент се чини дека е надвор од моја контрола. Јас буквално не можам да направам ништо во врска со тоа. Кога луѓето велат “Но можеш да посвојиш”, јас не сакам да посвојам. Сакам моја сопствена ДНК во малиот човек. Тоа е единствениот начин, себичен или не, што и да е, да го посакаш”, искрена е Џенифер Анистон.

Иако вели дека тоа е нешто за што навистина не сака да зборува, актерката признава дека имало моменти кога сретнала некого и мислела дека “може да биде добри деца”. Сепак, ова чувство помина “во рок од три секунди”. Според неа, во оваа ситуација, се работи за неизбежна романтизација, бидејќи ништо не било веќе во нејзините раце.

“Тоа едноставно не беше во планот, каков и да беше планот”, додаде таа, цитирана од People.

Во интервју за Allure во 2022 година, Џенифер Анистон сподели дека не жали за тоа како се случиле работите од нејзините обиди да стане мајка пред неколку години.

“Тука сум денес. Бродот отплови. Всушност, сега се чувствувам малку олеснување, бидејќи повеќе не постои “Може ли? Можеби. Можеби. Можеби.” Не морам повеќе да размислувам за тоа”.

Предходна“The Running Man” – дистопија базирана на Стивен Кинг, која ја гледаме за еден месец
СледнаМеган Маркл и видеото што го сподели од хотелската соба со принцот Хари