дома Македонија Левица ќе тужи во Стразбур по одлуката на Уставниот суд

Левица ќе тужи во Стразбур по одлуката на Уставниот суд

По одбивањето на иницијативата од страна на Уставниот суд, партијата Левица најави дека ќе поднесе тужба до Европскиот суд за човекови права во Стразбур. Иницијативата се однесуваше на Упатството на АВМУ за распределба на медиумскиот простор за платено политичко рекламирање, кое според Левица, довело до целосна медиумска блокада на партијата за време на изборната кампања.

Од Левица тврдат дека Упатството е противуставно, дискриминаторско и не објавено во Службен весник, што според нив го прави правно неважечко. Партијата смета дека со ова се прекршени основните демократски права и најавува дека правната битка ќе продолжи на меѓународно ниво.

Уставниот суд, пак, оцени дека Упатството е во согласност со Изборниот законик и претставува техничка примена на законските одредби. Претседателот на Судот, Дарко Костадиновски, апелираше за поголема политичка и академска одговорност од страна на Левица.

ПредходнаУставниот суд ја отфрли иницијативата на Левица за Упатството на АВМУ
СледнаФон дер Лајен: ЕУ целосно стои зад Северна Македонија, но уставните измени се клучни