дома Македонија Уставниот суд ја отфрли иницијативата на Левица за Упатството на АВМУ

Уставниот суд ја отфрли иницијативата на Левица за Упатството на АВМУ

Скопје, 15 октомври 2025 – Уставниот суд не поведе постапка по иницијативата на партијата Левица, со која се оспоруваат точките 3 и 10 од Упатството за радиодифузерите за локалните избори, донесено од АВМУ. Судот оцени дека Упатството е во согласност со Изборниот законик и претставува операционализација на законските одредби

Претседателот на Судот, Дарко Костадиновски денеска на прес-конференција нагласи дека иницијативата е поднесена непосредно пред изборниот молк, иако подносителот, како пратеник, имал можност четири години претходно да иницира законски измени. Тој додаде дека судот ги зема предвид сите правни последици од своите одлуки, особено во чувствителни периоди како изборниот процес.

Дополнително, претседателот на Судот изрази лична загриженост за начинот на финансирање на политичките кампањи со буџетски средства, истакнувајќи дека некои партии добиваат предност уште пред почетокот на изборната трка. Според него, тоа отвора прашања за фер и еднакви услови за сите политички субјекти.

Костадиновски, упати апел за поголема политичка и академска култура од страна на подносителот на иницијативата, Димитар Апасиев.

ПредходнаМицкоски и фон дер Лајен: Заедничка посветеност кон европската иднина
СледнаЛевица ќе тужи во Стразбур по одлуката на Уставниот суд