Данска ги продолжи контролите на границата со Германија за уште шест месеци, јавува ДПА, повикувајќи се на соопштение од данското Министерство за правда.
Министерот за правда, Петер Хумелгард, го оправда продолжувањето на рокот со „сериозна безбедносна ситуација“ . На данската полиција ѝ е потребно во борбата против тероризмот и прекуграничниот криминал, рече тој.
Од април 2023 година, фокусот е ставен на борбата против криминалот, при што полицијата е распоредена во внатрешноста, а не само на границата. Министерството за правда соопшти дека ова имало позитивен ефект врз борбата против прекуграничниот криминал.
Данска и Германија се членки на Шенген зоната, која теоретски ги отвора границите и овозможува слободно патување. Растечката загриженост за нелегалната миграција доведе до тоа многу земји-членки да ги зголемат граничните проверки.