дома Македонија Политика Македонскиот државен врв ќе ја пречека претседателката на ЕК Урсула фон...

Македонскиот државен врв ќе ја пречека претседателката на ЕК Урсула фон дер Лајен

Премиерот Мицкоски ќе ја пречека претседателката на ЕК Урсула фон дер Лајен

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски денеска попладне, во 15:45 часот, ќе ја пречека и ќе биде домаќин на Урсула фон дер Лајен, претседателка на Европската комисија, информираат од владината прес-служба.

Во 15:50 часот ќе се одржи тет-а-тет средба во Влада. Потоа во 16:05 часот ќе се одржи билатерална средба. Не се предвидени изјави за новинарите.

Премиерот Христијан Мицкоски вчера изјави дека од претстојната посета на Скопје на Фон дер Лајен и средбата со неа очекува реафирмирање на позицијата дека нашата стратешка цел останува полноправното членство во ЕУ, при што се надева дека во тој процес ќе има испорака и од страна на Унијата.

Како што информира Европската комисија, за време на престојот во Скопје Фон дер Лајен в среда попладне ќе се сретна со македонската претседателка Гордана Сиљановска-Давкова, со премиерот Христијан Мицкоски и со претседателот на Собранието, Африм Гаши. 

Инаку европскиот гостин доаѓа во Скопје по вчерашната посета на Белград

Српскиот претседател Александар Вучиќ синоќа на аеродромот „Никола Тесла“ во Белград ја пречека претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, која е во  официјална посета на Србија. По тој повод, таа ќе се сретне со Вучиќ и премиерот Ѓуро Макуто.

Предходна28 полицајци во Србија се соочуваат со обвиненија за насилство за време на протестите
СледнаПроменливо облачно време со сончеви периоди, попладне со услови за слаб локален дожд