дома Локално Променливо облачно време со сончеви периоди, попладне со услови за слаб локален...

Променливо облачно време со сончеви периоди, попладне со услови за слаб локален дожд

  Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, попладне ќе има услови за слаб локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 10, а максималната ќе достигне од 13 до 19 степени.

Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 18 степени.

Од Управата за хидрометеоролошки работи, исто така, информираат дека под влијание на влажни воздушни бранови следува период на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд. Пообилни врнежи се очекуваат во четврток кон крајот на денот, во текот на ноќта и во петок.

ПредходнаМакедонскиот државен врв ќе ја пречека претседателката на ЕК Урсула фон дер Лајен
СледнаЗахарова на насловната страница на „Тајм“: Само зли луѓе можеа да изберат таква фотографија