дома Свет Балкан Велика Британија и Западен Балкан заедно се борат против нелегалната миграција

Велика Британија и Западен Балкан заедно се борат против нелегалната миграција

Британски службеници за гранична безбедност се испратени на Балканот за прв пат за да помогнат  во запирањето на протокот на мигранти, кој влијае и на Велика Британија, објавува „Индипендент“.

Велика Британија и Западен Балкан заедно се борат против нелегалната миграцијаСлужбениците истражуваат нови начини за соработка со европската агенција за гранична заштита Фронтекс за следење и апсење на шверцери.

Велика Британија ги обучува граничните полицајци на Западен Балкан да користат британски дронови и биометриска технологија за следење на мигрантите и сузбивање на измами со визи и пасоши.

Министерката за внатрешни работи Шабана Махмуд е домаќин на своите колеги од Западен Балкан, како и други европски сојузници , на самит во Лондон, чија цел е постигнување договори за справување со нерегуларната миграција.

 „Им наложив на британските агенции за спроведување на законот да ги истражат сите опции, вклучително и распоредување операции во Западен Балкан за справување со нерегуларните миграциски рути. Ветив дека ќе направам сè што е потребно за да ја осигурам безбедноста на нашите граници“, рече таа. 

 Според податоците од Министерството за внатрешни работи, минатата година околу 22.000 луѓе биле жртви на трговија со луѓе од страна на банди по рутите низ Западен Балкан.

Регионот – вклучувајќи ги Северна Македонија, Црна Гора, Србија, Албанија, Босна и Херцеговина и Косово станува сè поважен во справувањето со нелегалната миграција во Европа.

Следната недела, премиерот Кир Стармер ќе биде домаќин на самит на лидери со земјите од Западен Балкан за да се договорат понатамошни мерки за намалување на бројот на мигранти што нелегално пристигнуваат во Велика Британија.

ПредходнаТрамп: Зеленски ќе побара да се оди во офанзива против Русија
СледнаФранцускиот парламент нденеска се глави во дупла недоверба на владата