Властите во Лос Анџелес прогласија вонредна состојба за да им обезбедат помош на оние кои се финансиски погодени од тековната федерална репресија против имиграцијата, објави Си-Ен-Ен.
На пример, ќе бидат покриени киријата, правната помош и друго.
Острите мерки против имиграцијата што се интензивираа во текот на летото ги оптоварија имигрантските заедници, поттикнувајќи многумина да ги ограничат своите излегувања. Федералните агенти уапсија имигранти без легален статус во Соединетите Држави од продавници, автоперални, автобуски станици и фарми. Приведени се и некои американски државјани.
Има извештаи за 5.000 апсења. Овие мерки доведоа до невработеност и недостаток на средства за цели семејства.
Потсетуваме дека администрацијата на Трамп ги распореди Националната гарда и Маринскиот корпус таму повеќе од еден месец, а потоа ги презеде истите мерки во други држави и градови управувани од демократите.
Трамп изјави дека целта е да се справи со криминалот. Тој предложи градови како Њујорк и Балтимор да станат „зони без криминал“ како Вашингтон , со тоа што ќе ги стават под федерална контрола.
Неговите одлуки беа нападнати од државните власти, а потоа поништени од судовите.Неодамна, на почетокот на октомври, единици на Гардата беа распоредени во Чикаго.