* Хороскопските препораки и совети не треба да се сфаќаат особено сериозно, и за сите индикации и несакани ефекти, консултирајте се со научник во близина.
Иронично, љубовта најчесто доаѓа кога престанеме очајно да бараме. Некои знаци мора да го научат на тежок начин. Дури кога ќе се опуштат и престанат да бараат потврда од надвор, вистинската љубов го наоѓа својот пат до нив.
Вага често бара рамнотежа преку другите. Кога конечно наоѓа мир во себе, се појавува некој кој ја гледа каква што е. Љубовта ѝ доаѓа само кога таа престанува да ги задоволува сите и учи да се сака себеси.
Рибите имаат идеализирана слика за љубов и често страдаат поради погрешните луѓе. Но кога ќе престанат да бараат “сродна душа” и почнуваат да ја ценат едноставноста и искреноста, тие привлекуваат љубов која е стабилна и вистинска.
Девицата често се сомнева, анализира и бара совршенство. Но, кога таа престанува да мисли премногу и си дозволува да чувствува, тогаш во нејзиниот живот доаѓа личност која е токму она што и треба, без планирање или пресметка.
Вистинската љубов не доаѓа кога најмногу ја сакаме, туку кога сме подготвени за тоа.