дома Македонија На 19 ноември закажано првото рочиште за „Пулс“

На 19 ноември закажано првото рочиште за „Пулс“

На 19 ноември ќе се одржи првото судско рочиште за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани во која загинаа 63 лица, а повеќе од 200 беа повредени.

Од Кривичниот суд денеска информираа дека рочиштето ќе се одржи во судницата во КПУ Идризово со почеток во 09:30 часот.

– Како што претходно известивме, обвинителниот акт поднесен првично од ОЈО Кочани па со решение на Јавниот обвинител на РСМ, доделен во надлежност на Скопското јавно обвинителство, беше одобрен во целост, а согласно АКМИС – системот, распределен на понатамошно постапување кај судија Диана Груевска Илиевска, велат од Кривичниот суд.

Информираат дека покрај судиите кои досега се изземале од постапување, дополнително се изземале и судиите Тамара Витларова – Смилевска и Илина Смичковска – Илиевска заради исполнување на законските одредби односно лично познанство со дел од оштетените.

Како втор член на судечкиот совет, кој ќе постапува по предметот, согласно измените на годишниот распоред за постапување на судиите, ќе постапува судијата Ахмед Идризи.

– Дополнително, заради ефикасно и економично постапување,  определени се повеќе термини за главна расправа односно 25.11.2025 год., 26.11.2025 год., 2.12.2025 год., 4.12.2025 год., 10.12.2025 год. и 11.12.2025 год, а по отпочнување на расправата ќе се усогласат и дополнителни термини. Поканите до странките се веќе во фаза на достава, велат од Судот.

 

ПредходнаСиљановска-Давкова очекува помош од ЕУ во пронаоѓање на излезно решение за деблокада на евроинтеграциите
СледнаПочнува вакцинацијата против сезонски грип