дома Свет Балкан Кокаин вреден околу еден милион евра запленет во пристаништето Пиреја

Кокаин вреден околу еден милион евра запленет во пристаништето Пиреја

Дирекцијата за борба против организиран криминал во Грција денес заплени повеќе од 38 килограми кокаин, откриен во контејнер со банани што пристигнал во пристаништето Пиреја, а проценетата вредност на запленетите наркотици е околу еден милион евра, објави грчката полиција.


Како што е наведено, врз основа на собраните разузнавачки информации и полициските операции, припадниците на грчката служба за борба против наркотици, во соработка со царинската полиција во Пиреја и одделот за наркотици и оружје СДОЕ, открија 33 импровизирани пакети кокаин со вкупна тежина од 38,2 килограми, објавува грчкиот портал Ин.
Пакетите биле скриени во контејнерот, помеѓу единицата за ладење и внатрешниот ѕид.
Контејнерот пристигнал со брод од странство, со планиран истовар во пристаништето Пиреја, во пратка што содржела 1.080 кутии банани.
Се проценува дека приходите од продажбата на запленетата количина кокаин би можеле да бидат околу 1.000.000 евра.

ПредходнаТрамп и Зеленски ги дадоа своите изјави по два и пол часа разговор во Белата куќа
СледнаЕУ е „за“ средба Путин-Трамп во Будимпешта во име на мирот