Украинскиот претседател Володимир Зеленски разговараше по телефон со европските лидери по разговорите во Белата куќа со американскиот претседател Доналд Трамп, објави Укринформ, повикувајќи се на извор во украинската делегација.
„Зеленски води телефонски разговор со европските лидери по средбата со Трамп“, рече изворот.
Тој не прецизираше други детали за тоа со кого разговарал Зеленски, ниту за кои конкретни теми се разговарало, според украинската државна агенција.
Украинскиот претседател ја напушти Белата куќа по денешната средба во Вашингтон со американскиот претседател Доналд Трамп и членовите на американскиот кабинет.
Според Си-Ен-Ен, украинскиот претседател останал во Белата куќа околу два и пол часа и бил придружуван од зградата од шефот на протоколот Моника Кроули.
Извори од украинската делегација потврдија дека работниот ручек меѓу двајцата претседатели завршил, наведувајќи дека средбата траела значително подолго од планираното, што се толкува како знак за сериозноста на разговорите, според Си-Ен-Ен. Претходно денес, Зеленски се сретна со Трамп, кој го пречека пред Белата куќа во Вашингтон, што е нивна трета средба оваа година.