дома Македонија Поништена листата за советници на ДНЕТ за Град Скопје, предложиле починато лице

Поништена листата за советници на ДНЕТ за Град Скопје, предложиле починато лице

Државната изборна комисија ја поништи листата за советници за Град Скопје поднесена од Движењето на национално единство на Турците затоа што на листата предложиле починато лице.

Од ДИК денеска информираа дека на 17 октомври по допрен глас дошле до информација дека на листата има починато лице и предлага за овој случај да постапува Јавното обвинителство.

На денешната седница, ДИК отфрли седум приговори за лично избирачко право, а три прифати.

За изборите што ќе се одржат утре акредитирани се 1 463 набљудувачи од кои 807 домашни и 644 меѓународни и 12 странски новинари.

ПредходнаСателитските снимки го потврдуваат уништувањето на клучниот руски нафтен терминал на Крим
СледнаТри возила се судриле на „Партизански одреди“ во близина на „Силбо“