дома Магазин „Вертиго гастарбајтерска“ од Скопје, победник на Државното првенство во едрење , класа...

„Вертиго гастарбајтерска“ од Скопје, победник на Државното првенство во едрење , класа крузери во Грција

Во изминатата недела , во Грција , се оддржа  8 та регата на државното превенство  на Македонија во едрење, класа Крузери, – Меморијал Славе Герасимовски, што се реализира на акваторијот на групата острови Споради, – Грција,  од 11 до  18 Октомври  2025
На регатата учествуваа 15 екипи од  три градови на Република С.Македонија
Натпрварот подразбира две трки  во едрење, во различни денови и сумирање на резултатите според постигнатото време.
Главен предизвик  за натпреварувачите е не само победа за најбрзиот тим и  најспремната посада, туку кој ке го освои пехарот на Славе Герасимовски, еден од основачите на македонското едриличарство, кој прерано загина во еден од своите параглајдерски летови.
 Ова година на регатата на островите Споради ,во Грција севкупен победник е екипата на „Вертиго Гастарбајтери“ член на едриличарскиот клуб Нов Ветер.
Со златните медали се закитија членовите на посадата на Вертиго Gasterbajterska: Skiperot-Марко Георгиев, Koskipert-Горан Станков, Влатко Милев , Александар Ѓорѓевиќ -Ѓока,  Александар Николовски, Игор Кралев, Бобан Попандонов, Владимир Милановиќ, Драган Антоновски и Оливер Манев.
Македонија нема море но има ентузијасти кои со визија и посветеност ја ставија на европската мапа во едриличарски спортови, нагласи претседателот на  на клубот Љупчо  Николовски, а глемото присуство на оваа осма регата потврдува дека едриличарството е спорт кој освојува на прв поглед“, вели   претседателот од едриличарскиот клуб „Нов ветер“

 Спред резултатите на регатниот одбор  во продолжение  се конечните резултати со лидерите на тимовите :
1. Влатко Милев – Екипа Вертиго Гастербајтери, ЕК Нов Ветер
2. Зоран Мојсовски – Екипа Авантура, ЕК Yachting Club ОЛС – Охрид
3. Горан Ѓорѓевиќ – Екипа Vision & Friends 2, ЕК Нов Ветер
4. Дамјан Јорданов – Екипа Арс Вивенди, ЕК Арс Вивенди (најмалд  скипер)
5. Место делат:
Владислав Стајковиќ – Екипа Комодо, ЕК Нов Ветер
Петар Јовановски – Екипа Отпишани, ЕК Нов Ветер
7. Сашо Добревски – Екипа Gone Sailing, ЕК Нов Ветер
8. Сашо Миноски – Екипа Шарпланинци Finally, ЕК Нов Ветер
9. Петре Поповски – Екипа Vision & Friends 3, ЕК Нов Ветер
10. Ристо Бибовски – Екипа Гладијатори, ЕК Нов Ветер 
11. Емилија Пајковска – Екипа 091 Sailing Crew, ЕК Нов Ветер(единствен скипер жена)
12. Место делат:
Ацо Новевски – Екипа Шарпланинци Elite, ЕК Нов Ветер
Љупчо Николовски – Екипа Vision & Friends, ЕК Нов Ветер
14. Владимир Петровски – Екипа Шарпланинци, ЕК Нов Ветер
15. Дениз Ваити – Екипа Шарпланинци Shaya Sailing, ЕК Нов Ветер
Регатниот одбор предводен од претседателот на регатниот одбор и на едриличарската федерација на Македонија, Стефан Ставрев,   изрази
благодарност до сите екипи и учесници за уште една успешна регата и морнарски кажано  со полни едра  до следното натпреварување и повик за уште побројни екипи и масовно учество  .
ПредходнаТрамп до Зеленски: Прифатете ги условите на Путин или ризикувајте уништување
СледнаПретседателот на СДСМ Филипче го призна поразот на локалните избори