дома Македонија ВМРО-ДПМНЕ прогласи победа во над 30 општини, очекува победа во вториот круг...

ВМРО-ДПМНЕ прогласи победа во над 30 општини, очекува победа во вториот круг во Скопје и Карпош

ВМРО-ДПМНЕ прогласи победа во над 30 општини во првиот круг. Лидерот на партијата Христијан Мицкоски изјави дека добиле градоначалници во општини што досега биле под власт на СДСМ како што е Струмица, а имаат победа и во Делчево, Берово, Битола, Прилеп, Штип, Кавадарци, Гевгелија, Свети Николе, Охрид, Градско, Бутел, Ѓорче Петров, Кисела Вода, Велес, Радовиш…..

Мицкоски очекува победа во вториот круг на нивниот кандидат за Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски кој води во однос на противкандидатот од Левица, Амар Мециновиќ, како и победа во скопската општина Карпош.

Според Мицкоски, ова се најдемократските избори, а изговорите за нерегуларности, се алиби за слабиот резултат на опозицијата.

Порача дека ова е време за реформи во опозицијата и дека не посакува послушна, туку поконцентрирана и покапацитетна опозиција, која, како што рече, нема да зборува за орли и зајаци.

ПредходнаВо Скопје води Орце Ѓорѓиевски од ВМРО-ДПМНЕ, зад него е Амар Мециновиќ од Левица