дома Македонија Во Скопје води Орце Ѓорѓиевски од ВМРО-ДПМНЕ, зад него е Амар Мециновиќ...

Во Скопје води Орце Ѓорѓиевски од ВМРО-ДПМНЕ, зад него е Амар Мециновиќ од Левица

Трката за градоначалник на Град Скопје, според досега објавените податоци на Државната изборна комисија, се води меѓу кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ Орце Ѓорѓиевски и кандидатот на Левица, Амар Мециновиќ.

Податоците на ДИК покажуваат дека Ѓорѓиевски води со освоени 41,96 отсто од обработените 41,47 отсто од гласовите.

Кандидатот за градоначалник на Левица има освоени 12,84 отсто, а кандидатката на СДСМ Каја Шукова 11,28 отсто од досега обработените податоци.

 

ПредходнаПретседателот на СДСМ Филипче го призна поразот на локалните избори
СледнаВМРО-ДПМНЕ прогласи победа во над 30 општини, очекува победа во вториот круг во Скопје и Карпош