
ДИК за почна да објавува резултати од локалните избори кои се одржаа денеска.
Во моментот, во повеќето општини низ Македонија водат кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ. Резултатите ДИК ги црпи од локалните одбори, па за дел од општините обработени се и до 88 отсто од гласовите, но за дел од општините не почнале да стигнуваат резултати како за: Карпошт, Конче и Шуто Оризари.
Издвоено интересна е битката во Кочани каде води кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Влатко Грозданов со 1,461 глас, но зад него е актуелниот в.д. градоначалник независниот Венко Крстевски со 829.
Во Кичево води кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Јовановски со 3.098 гласови, наспроти кандидат на НАИ, Фатмир Дехари, кој има 1.276, но веднаш зад него е кандидатот на ВЛЕН Фатмир Лимани со 1.055.
Во Куманово пак, во моментот води актуелниот градоначалчник Максим Димитриевски, со 2.504 гласови пред Селвер Ајдини од НАИ со 2.374.
Сепак треба да се спомене дека ова се само првиот круг на пребројани ливчиња и тие ке варираат се до конеќнот пребројување на резултати
Во живо може да го следите развојот на настаните како и проверените и официјални резултати кои секако ке бидат поразлични од партиските штабови и медиумските настапи на партиските првенци на следниот ЛИНК.