дома Македонија Политика До 18:30 часот излезноста 46,65 проценти

До 18:30 часот излезноста 46,65 проценти

До 18 и 30 часот излезноста на осмите локални избори на ниво на држава е 46,65 проценти што е нешто помалку во однос на последните локални избори кога излезноста до 19 часот била 49,98 проценти.

Државната изборна комисија на прес-конференција одржана по затворање на гласачките места, информира дека конечниот одѕив ќе биде познат после полноќ кога се очекува да бидат соопштени и првичните неофицијални резултати.

Во Град Скопје излезноста е 46,64 проценти.

Во скопската општина Аеродром до 18:30 часот гласале 45,57 проценти, во Бутел 49,71, Гази Баба – 41,97, Ѓорче Петров – 45,09, Карпош – 49,92 проценти, Кисела Вода – 46,25, Сарај – 55, 20, Центар – 49,41, Чаир – 51,27 и Шуто Оризари – 35,33 проценти.

 

ПредходнаШок во Лондон, руски хакери објавија стотици доверливи британски воени документи
СледнаОбвинителствата постапуваат по случаи за евентуални кривични дела поврзани со изборите