дома Македонија Приведени 11 лица за поткуп, фотографирање или уништување на гласачко ливче

Приведени 11 лица за поткуп, фотографирање или уништување на гласачко ливче

Во текот на денешниот изборен ден приведени се 11 лица за поткуп, фотографирање или уништување на гласачкото ливче. Од нив, четворица се веќе ослободени, а седум се задржани на понатамошна постапка, информира вечерва Министерството за внатрешни работи.

Министерот Панче Тошковски оцени дека денешните избори се едни од најмирните и најбезбедните во поновата историја на државата.

– Гласањето почна навреме освен на 84 избирачки места каде имаше технички проблеми. Регистрирани се 29 прекини на гласањето во траење од до 30 минути најчесто поради технички проблеми со уредите за идентификација, кои беа навремено решени. Најмногу од нив беа на подрачјето на СВР Тетово и СВР Охрид, информира Тошковски.

На територија на државата пријавени се вкупно 91 настан од кои најголем дел се однесувале на агитирање и можен поткуп, а дел на фотографирање на гласачкото ливче, лепење плакати и упатување закани.

Постапките за 42 случаи се завршени, а во најголем број истите наоди не се потврдени.

Пријавени се и седум настани со наводна инволвираност на полициски службеници од кои за шест е утврдено дека не постојат неправилности, а за еден случај се преземаат мерки за расчистување.

ПредходнаОбвинителствата постапуваат по случаи за евентуални кривични дела поврзани со изборите
СледнаНетанјаху одлучи дека Израел ќе одговори жестоко на смртоносниот напад на Хамас