дома Локално Променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд

Променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд со послаб интензитет. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 10, а максималната ќе достигне од 14 до 19 степени.

Во Скопје, променливо облачно со повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 16 степени.

До вторник ќе преовладува претежно стабилно време, а во среда повторно се очекуваат локални врнежи од дожд.

ПредходнаГриндавик: град со 3.700 жители кој вулканот го вратил назад
Следна“Казната” што кралот Чарлс ја наметнал на неговиот брат принцот Ендру