Осум лица од Кавадарци меѓу кои три жени, ноќеска влегле во домот на 40-годишен кавадарчанец и откако искршиле дел од покуќнината, го нападнале сопственикот на куќата и неговата сопруга.
– На 18/19.10.2025, во периодот од 22:05 до 01:25 часот во ОВР Кавадарци е извршен службен разговор со О.Ј.(45), 44-годишната Н.Ј., 41-годишната У.Ј., 35-годишната Е.Ј,. А.Ј.(23), К.Ј.(25), Ш.Ј.(40) и С.С.(28), сите од Кавадарци, постапувајќи по претходна пријава дека ја скршиле влезната врата од домот на 40-годишен кавадарчанец, а потоаво домот, кршеле покуќнина, предмети за домаќинство и физички ги нападнале него и неговата сопруга, ифнормира МВР.
По целосно документирање на настанот ќе бидат поднесени соодветни пријави.