дома Македонија Политика Во пет од десет скопски општини ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата ќе имаат мнозинство...

Во пет од десет скопски општини ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата ќе имаат мнозинство во советот

 – Во пет од десет скопски општини ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата ќе имаат мнозинство во советот. Мнозинство советници ВМРО-ДПМНЕ ќе имаат во општина Аеродром, Бутел, Гази Баба, Ѓорче Петров и Кисела Вода. Интересно е тоа што во Општина Сарај во прв круг победи Мухамет Елмази од ВРЕДИ, додека мнозинство во советот ќе има НАИ.

Во пет од десет скопски општини ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата ќе имаат мнозинство во советотВо Советот на Општина Аеродром, според обработени 99,90% од гласовите, мнозинство ќе има ВМРО-ДПМНЕ со 15 советници. Во 27 члениот совет, Левица влегува со  шест советници, СДСМ со пет и ЗНАМ со еден.

Во Аеродром е извесен втор изборен круг, каде што кандидатот Дејан Митевски од ВМРО-ДПМНЕ освои 49,09% од гласовите, пред кандидатот на СДСМ, Александар Трајановски, кој има 20,79%.

Во Советот на Општина Бутел, според 100% обработени гласови, ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата ќе имаат мнозинство со 10 советници. Во 19 члениот совет на Општина Бутел влегуваат и четири советници до НАИ, три од Коалицијата ВРЕДИ и по еден од СДСМ и Левица.

Во Бутел, во прв круг победи досегашниот градоначалник Дарко Костовски од ВМРО-ДПМНЕ кој има 52,96% пред Исамедин Азизи од НАИ со 28,17 проценти.

Во Советот на Општина Гази Баба, според 100% обработени глаови, мнозинство ќе имаат ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата со 17 советници. Во 27 члениот совет, влегуваат и по четири советници од СДСМ и Левица и по еден од НАИ и Коалицијата Вреди.

И во Гази Баба, досегашниот градоначалник Бобан Стефковски од ВМРО-ДПМНЕ победи во првиот круг со 58,42%, пред  Влатко Митовски од СДСМ со 18,00%.

Во Советот на Општина Ѓорче Петров, според 100% обработени гласови мнозинство ќе имаат ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата со 14 советници. Во 23 члениот совет, влегуваат и по четири советници од СДСМ и Левица и еден советник од ЗНАМ.

Кандидатот Александар Стојковски од ВМРО-ДПМНЕ со 55,73% повторно е избран за градоначалник на Ѓорче Петров, а неговиот противкандидат од СДСМ, Костадин Ацевски, освои 18,37%.

Во Советот на Општина Карпош, според 100% обработени гласови, најмногу советници ќе има ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата – 11, а во 27 члениот совет место имаат и по четири советници од Коалицијата „Искуство за успех“, СДСМ и Левица, тројца независни и еден од ЗНАМ.

Во Карпош ќе има втор груг. Сотир Лукровски од ВМРО-ДПМНЕ освои 34,51%, пред Стевчо Јакимовски од ГРОМ има 29,40%.

Во Советот на Општина Кисела Вода, според 100% обработени гласови, мнозинство ќе има ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата со 17 советници. Во 27 члениот совет, место ќе имаат и пет советници од Левица, четири од СДСМ и еден од ЗНАМ.

Во Кисела Вода, Бети Стаменковска Трајковска од ВМРО-ДПМНЕ е избрана во првиот круг со поддршка од 57,36%, пред Јане Ацевски од Левица кој има 16,81%.

Во 23 члениот Совет на Општина Центар, според 100% обработени гласови, најмногу советници ќе има СДСМ со осум места, потоа ВМРО-ДПМНЕ со седум, Левица – 3, ЗНАМ – 2, еден од Коалиција „Зелена иднина“ и двајца независни.

Во Центар, градоначалник ќе се бира во во вториот круг, а ќе се гласа за Горан Герасимовски од СДСМ со 38,21% и за Мирослав Лабудовиќ од ЗНАМ кој освои 25,53%.

Во Советот на Општина Сарај, според 100% од обработените гласови, мнозинство ќе има НАИ. Останатите девет советниви во 19 члениот совет се од Коалицијата Вреди.

Во Сарај, во прв круг победи Мухамет Елмази од ВРЕДИ со 50,28%, пред Блерант Рамадани од НАИ со 47,55%.

Во Советот на Општина Чаир, според 99,69% обработени гласови, мнозинство ќе има Коалицијата ВРЕДИ со 14 советници. Во 27 члениот совет, место ќе имаат и 11 советници од НАИ и по еден од ВМРО-ДПМНЕ и ДП на Турците.

Изет Меџити од ВРЕДИ ќе биде нов градоначалник на Чаир со поддршка од 51,82%, додека Бујар Османи од НАИ ОСВОИ 40,39%.

Во 19 члениот Совет на Општина Шуто Оризари, според 100% обработени гласови, најмногу советници ќе има Унија на Роми со шест места. Вреди и ВМРО-ДПМНЕ ќе имаат по четири советници, НАИ три и по еден од Сојуз на Роми и Демократски сили на Ромите.

Во Шуто Оризари, во втор круг одат Курто Дудуш од Унија на Роми со 36,57% и Ерџан Демир од ВМРО-ДПМНЕ со освоени 20,69%.

ПредходнаКои се земјите во Европа со најмногу убиства
СледнаСнуп Дог на 54 години