Истражна постапка за кривично дело „убиство“ е покрената против жител на Марино кој на 18 октомври се обидел да го убие својот брат удирајќи го со дрвена ногарка по главата и телото.
Од ударите, оштетениот започнал да крвари од главата и изгубил свест, а осомничениот наместо да му помогне, си легнал да спие. Следниот ден, кога се разбудил, видел дека брат му лежи во крв и без свест, но повторно го оставил и повикал медицинска помош дури речиси три часа подоцна.
За осомничениот е побарана мерка притвор.