Темата за предвремени парламентарни избори веќе сум ја одговарал неколку пати. Јас кога ги одговарав тие прашања во минатото знаев дека ќе се случи ова што се случи и знаев дека таквиот тип на политика од пред четири, пет децении од минатиот век дека ќе биде поразена на овие избори и бев во право. И затоа, многупати кажував дека ДУИ и Али Ахмети ќе бидат непријатно изненадени денеска, и очигледно дека се непријатно изненадени, изјави премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, на прес-конференција на која објави огромна победа на Локалните избори.
На новинарско прашање, Мицкоски кажа дека темата ДУИ се затвори денеска и дека не треба да дозволуваме таа да биде присутна повеќе во јавноста.
Мицкоски рече дека нема точна бројка на освоени гласови, но процентуално ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, како што кажа, имаат освоено околу четириесет и два, три проценти од вкупниот број гласови што излегоа.
– Процентуално мислам дека имаме повеќе освоено од последните парламентарни, а многу повеќе од тие во 2021, рече Мицкоски.