дома Локално Сончево со мала до умерена локална облачност

Сончево со мала до умерена локална облачност

  Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 8, а максималната ќе достигне од 14 до 20 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне 18 степени.

Според прогнозата на УХМР, следува период на променливо облачно време со сончеви периоди и со слаб до умерен јужен ветер.

-Во среда ќе има локални врнежи од дожд, а од четврток дневната температура ќе биде во пораст, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

ПредходнаИталијанци: Сензација. Модриќ е само човек, го докажа тоа со еден потег
СледнаЛагард: Светот сè уште не ги чувствува последиците од царините на Трамп, ударот допрва доаѓа