дома Свет САД: Бајден ја заврши радиотерапијата за агресивен рак на простата

САД: Бајден ја заврши радиотерапијата за агресивен рак на простата

Поранешниот американски претседател Џозеф Бајден заврши курс на радиотерапија за агресивен рак на простата и покажува охрабрувачки знаци на напредок, објавија денес американските медиуми.


Портпаролката на Бајден, Кели Скали, потврди за CBS News дека поранешниот претседател, кој следниот месец ќе наполни 83 години, во понеделник завршил неколку недели радиотерапија во Центарот за радиологија и онкологија Пен во Филаделфија во процесот на лекување на малигната болест на простатата.
Ешли Бајден, ќерката на поранешниот претседател, објави кратко видео од својот татко на Инстаграм.
„Ви благодарам на неверојатните лекари, медицински сестри и персонал во Центарот за радиологија и онкологија Пен. Многу сме благодарни“, се вели во објавата на Ешли Бајден.

ПредходнаТуск: Осум лица осомничени за подготовка на саботажа приведени во Полска
СледнаЦело Тетово нема вода – намерно пресечена главната водоводна линија