дома Свет Балкан Го направив тоа бидејќи ме нервираат шаторите, сакав да ме упука полицијата

Го направив тоа бидејќи ме нервираат шаторите, сакав да ме упука полицијата

 Во центарот на Белград утрово се случил шокантен инцидент пред зградата на Народното собрание, кога 70-годишниот Владан Анѓелковиќ подметнал пожар во кампот „Цациленд“ и потоа пукал во Милан Богдановиќ, еден од учесниците во протестниот камп.

Според српските медиуми, напаѓачот бил брзо уапсен и при сослушувањето изјавил дека „го нервирале шаторите и заземањето на центарот на градот“ и дека пукал со цел полицијата да го убие.

„Го направив тоа затоа што ме нервираат шаторите. Сакав полицијата да ме застрела, затоа што повеќе не можам да живеам,“ изјавил Анѓелковиќ по апсењето.

Имал дозвола за  оружје

Како што соопшти претседателот на Србија Александар Вучиќ, напаѓачот поседувал регистрирано огнено оружје од 1993 година, пиштол марка „Црвена застава М99“, а во 2018 година регистрирал уште едно трофејно оружје – пиштол „Мелиор“. Анѓелковиќ е пензиониран од 2009 година, а пред тоа бил вработен во Државната безбедност, каде работел 16 години.

Детали за нападот

Осомничениот изјавил дека во Француска улица наполнил канта со бензин, потоа дошол пред парламентот и го полеал шаторот, по што пукал неколку куршуми кон запалениот бензин, а потоа и во правец на Богдановиќ.

„Не сакав никого да повредам, само мислев дека полицијата ќе ме упука,“ рекол Анѓелковиќ, додавајќи дека нема психијатриски третман и се смета за ментално здрав.

Жртвата во стабилна состојба

Ранетиот Милан Богдановиќ (57) е татко на три деца и, според информациите, не е судски осудуван. Неговата состојба е стабилна, а нападот предизвика голема вознемиреност кај учесниците во кампот и во јавноста.

Реакција на државниот врв

Претседателот Александар Вучиќ го нарече инцидентот „ужасен терористички напад врз други лица и туѓ имот“ и најави дека ќе се спроведе темелна истрага.

„Кој ќе ѝ објасни на неговата ќерка дека татко ѝ бил застрелан само затоа што сакал таа да учи и да заврши факултет,“ рече Вучиќ во своето обраќање.

Полицијата го задржува осомничениот во притвор, а обвинителството ќе отвори постапка за обид за убиство и предизвикување општа опасност.

Со оглед на тоа што Вучиќ во вонредно обраќање пред камерите ги пушти снимките на полицијата пред јавноста, даваше насоки за обвинение и изиграваше сам свој судија и истражител, некои сето ова го искоментираа дека има премногу случјности и личи на  режија во што жртва се граѓаните на Србија.

ПредходнаМицкоски од Лондон: Ќе се бориме за македонските национални интереси – местото ни е во ЕУ
СледнаБојковска распали по службите: Скопје е затрупан во ѓубре, Град Скопје не си ја врши работата