дома Македонија Дванаесет лица осомничени за лихварство и перење пари

Дванаесет лица осомничени за лихварство и перење пари

Против 12 лица е покрената истражна постапка под сомнение за сторени кривични дела – лихварство и перење пари. Деветмина од нив се соизвршители или помагачи, а тројца се сомничат за перење пари.

Деветмината осомничени од почетокот на 2022 година до денес се организирале во криминална група што се занимавала со давање на пари со договор, притоа договарајќи несразмерна имотна корист во пари, средства или недвижен имот.

– Искористувајќи ја финансиската состојба на оштетените лица им позајмувале пари со пресметување на камата од 5 проценти или 15 проценти месечно зголемена за секое задоцнување. Од оштетените барале да им ги вратат позајмените парични средства со пресметана камата или месечно да го исплаќаат износот по основ на камата. Кога оштетените не биле во можност да ја вратат позајмицата, осомничените барале да го предадат или оптоварат имотот со кој располагале, пренесувајќи го на име на некој од осомничените. Наплатата на паричните средства се вршела директно преку некој од осомничените или преку трансакционите сметки во банка, од сметка на оштетен на сметка на некој од осомничените лица, информира Државното јавно обвинителство.

Постои сомневање дека 12 осомничени и едно осомничено правно лице се стекнале со противправна имотна корист од 125 033 527 денари.

Во текот на утрешниот ден ќе бидат доставени соодветни предлози за обезбедување присуство на осомничените.

ПредходнаХороскоп за среда: Водолија покажува креативност, Вага ја пленува со шарм
СледнаСтармер: Балканот е европско искушение – котел што безбедноста ја става на тест