Синџирот ресторани „Пица Хат“ објави список на ресторани и локации за достава што ќе бидат затворени низ Велика Британија, со околу 1.210 работни места што ќе бидат изгубени.
68 ресторани ќе ги затворат своите врати во наредните недели, вклучувајќи ги и оние во Брајтон, Хал, Бристол, Лидс и Единбург, објави BBC News.
Единаесет единици за достава исто така се затвораат како дел од стечајната постапка. Во понеделник беа назначени администратори за „Ди Си Лондон Пај Лимитед“, која управува со рестораните на „Пица Хат“ во Велика Британија. Глобалниот сопственик на брендот, „Јум! Брендс“, се вмеша за да ги спаси преостанатите 64 ресторани и 1.276 работни места.
„Пица Хат“ е позната по својата семејна атмосфера и препознатливиот бар за салати, но нејзините операции во Велика Британија се соочуваат со тешкотии и веќе беа во стечај пред помалку од една година.Администраторите од FTI Consulting изјавија дека DC London Pie е погоден од комбинација од „предизвикувачки услови за работа и зголемени трошоци“ и дека паричниот тек е под притисок „поради даночни обврски“.