Земјотрес со јачина од 4,7 степени според Рихтеровата скала утрово го погоди подрачјето во близина на грчкиот остров Родос, објави Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC).
Епицентарот на земјотресот бил на отворено море, на длабочина од 30 километри, североисточно од градот Родос.
Според изјавите на очевидци објавени на веб-страницата на EMSC, земјотресот бил почувствуван и во блиските турски крајбрежни градови, а многу луѓе биле разбудени од силниот потрес.
Засега нема извештаи за повредени или материјална штета.
Не е издадено предупредување за цунами.