дома Свет Северна Кореја испали балистички ракети пред самитот на лидерите во Јужна Кореја...

Северна Кореја испали балистички ракети пред самитот на лидерите во Јужна Кореја Копија

Северна Кореја испали неколку балистички ракети со краток дострел, соопшти јужнокорејската војска, една недела пред самитот на лидерите на Азиско-пацифичката економска соработка (АПЕК) што ќе се одржи во Јужна Кореја.
Лансирањето на ракети, прво од мај оваа година, беше извршено од област во близина на Пјонгјанг во североисточен правец, а ракетите летаа околу 350 километри пред да паднат на земја, соопшти Здружениот штаб на јужнокорејската армија, објави Ројтерс.


Јужна Кореја сподели информации за лансирањата со САД и Јапонија.
Веднаш беше свикан итен безбедносен состанок во Сеул, а претседателот Ли Џе-мјунг беше информиран за ситуацијата.
Јапонскиот премиер Санае Такаичи рече дека лансирањата немаат влијание врз безбедноста на Јапонија и дека Токио продолжува да споделува информации со сојузниците.

Се очекува претседателите на САД и Јужна Кореја, Доналд Трамп и Ли Џе-мјунг, да се сретнат во Јужна Кореја следната недела на маргините на самитот на АПЕК.
Трамп, исто така, треба да одржи билатерална средба со кинескиот претседател Си Џинпинг.Северна Кореја, која е под санкции на Обединетите нации поради нејзините ракетни и нуклеарни програми, продолжи да спроведува тестови и покрај меѓународните забрани.

Порано овој месец, Пјонгјанг претстави нова интерконтинентална балистичка ракета на воена парада, во присуство на кинескиот премиер.

ПредходнаМарк Руте отпатува во Вашингтон на средба со Трамп
СледнаШтетата од кражбата на накит во Лувр се проценува на 88 милиони евра