дома Локално Герасимовски со кризни мерки за отпадот од угостителските објекти, посебно одлагање и...

Герасимовски со кризни мерки за отпадот од угостителските објекти, посебно одлагање и пунктови за собирање

Герасимовски со кризни мерки за отпадот од угостителските објекти, посебно одлагање и пунктови за собирање

 ЈП „ПОЦ“ ќе организира посебни пунктови и распоред за собирање на угостителски отпад. Ги повикуваме сите ресторани, кафулиња и локали во Центар да го одлагаат отпадот на локации каде контејнерите не се преполни и да го ставаат во двојни, или тројни кеси со цел да биде подобро заштитен. За ова ќе има информација веќе утре за тоа кои се локациите, а сите угостители ќе бидат директно информирани.

Ова го истакна денеска градоначалникот Горан Герасимовски на прес-конференцијата додека се одржуваше состанокот со Штабот за заштита и спасување кадешто се носеа итни одлуки за справување со кризата со сметот во Центар.

Герасимовски потенцираше дека Скопје се соочува со сериозна еколошка криза.

-Комунална хигиена со денови не го собира сметот, очигледно е дека оваа состојба нема брзо да се реши. Целиот град е затрупан со отпад, имаме хигиенски, здравствени и епидемиолошки проблем. Пристигаат информации дека се појавуваат глодари, состојбата е крајно алармантна, рече Герасимовски.

Тој истакна дека општината прави мобилизација на сите свои ресурси за надминување на кризата.

– Од денес, сите вработени во Општината Центар и во ЈП „Паркинзи на Општина Центар“ добиваат конкретни задачи за решавање на оваа криза. Ги редуцираме сите други активности на минимум, ги пренасочуваме вработените да ги спроведат сите мерки за менаџирање на овој проблем. Ова е момент кога секој јавен службеник мора да покаже одговорност, посочи Герасимовски.  

ПредходнаМециновиќ прифати дебата на Телма телевизија
СледнаАрсовска: Ако не ви е јасно какo кадрите на Мицковски се одговорни за ѓубрето низ Скопје, ќе ви појаснам уште еднаш