дома Локално Димитриевски на средба со Меџити: Од ВРЕДИ добив поддршка за вториот круг...

Димитриевски на средба со Меџити: Од ВРЕДИ добив поддршка за вториот круг во Куманово

  Актуелниот градоначалник на Куманово и кандидадт за нов градоначалнички мандат Макисм Димитриевски од Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, преку својот профил на Фејсбук соопшти дека се сретнал со претставници на Коалиција ВРЕДИ од кои, како што вели, добил поддршка за вториот круг од локалните избори.

Димитриевски на средба со Меџити: Од ВРЕДИ добив поддршка за вториот круг во Куманово– Подадена рака! Денес остварив средба со новиот градоначалник на Чаир, Изет Меџити, организациониот секретар на Алтернатива, Башким Муртези и Пратеникот Даниел Стојчевски. Во топлиот и искрен разговор од претставниците на Коалициониот партнер Влен добив искрена и силна поддршка за вториот круг во Куманово, поддршка која ја отсликува мултиетничката и мултикултурната реалност на нашиот град, која дава дополнителна енергија и мотив да продолжиме напред во остварување на проекти во интерес на сите граѓани на Куманово, напиша Димитриевски.

Се заблагодари на сите кои, како што посочува, ја препознаваат и поддржуваат визијата за иднината на Куманово и Македонија.

-Заедно ќе продолжиме да го градиме нашиот град и да работиме во интерес на наши Кумановчани, напиша Димитриевски.

ПредходнаКој го потикна В. А. да пука во Ќациланд?
СледнаОблачно, кон крајот на денот и во текот на ноќта повремен локален дожд