дома Македонија Мицкоски: Предвремени избори не се потребни

Мицкоски: Предвремени избори не се потребни

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека предвремени избори не се потребни. На свечената академија по повод 23 Октомври и порача на опозицијата да се консолидира и да размисли дали сака да оди на предвремени избори.

– Нашата опозиција, која доживеа историски дебакл, ја слушам како се храбри, па дури и прави пресметки околу пратенички места. Сфаќам дека се наоѓаат во тежок изборен нокаут од народот, но со нереални математики само дополнително го иритираат. Она што е интересно е што дури и во нивните анализи тие кажуваат дека убедливо ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата имаа јасна и чиста победа. Нема пресметка во која тие би победиле на било каков начин. Тоа покажува дека сè уште не научиле ниту една лекција, што во извесна мера е и потценување на сопствениот народ и гласачи. И сето тоа во извесна мера е и обид да создаде алиби за својот дебакл. Да го задржат лидерството од бранот незадоволство на членовите на таа партија, рече Мицкоски.

ПредходнаПриведени 11 лица за лихварство и перење пари, по едно се трага
СледнаЃедовиќ: Србија развива проекти за нови правци и извори на снабдување со гас со помош од ЕУ