Потпретседателот на ДУИ Арбр Адеми ги демантира пишувањата во „Фол“ дека лидерот на партијата Али Ахмети ќе се повлече од политичката сцена.
Адеми за „Слободен печат“ изјавил дека не е точно оти Ахмети ќе се повлече од ДУИ и од политиката.
Медиумот на албански јазик „Фол“ објави дека Ахмети сериозно размислувал да се повлече од активната политика по изборите и дека тоа ќе го стори по вториот круг на изборите.




