дома Македонија Ахмети: Не изгубив на изборите за да се повлечам

Ахмети: Не изгубив на изборите за да се повлечам

Лидерот на ДУИ Али Ахмети и официјално потврди дека не се повлекува од политиката.

– Не изгубив на изборите за да се повлечам од политиката, изјави Ахмети по денешната седница на Централното претседателство на партијата.

Рече дека ДУИ е победник на локалните избори со освоени 114.000 гласа и 159 советници, наспроти ВЛЕН со освоени 91. 000 гласови и 122 советника.

– Ако може да најдете дали за 25 години Али Ахмети има еден пораз, тогаш ќе се повлечам. Дваесет и пет години победувавме, не само последниве три циклуси. На овие избори, како на ланските, имаме синдром на Газиместан, поразените излегуваат победници. ВЛЕН и на претходните два циклуси парламентарни и претседателски, од поразени излегоа победници. Дали е победник тој што има 159 или 122 советници?, рече Ахмети.

За соработка во вториот круг со други политички партии, Ахмети рече дека се отворени за комуникација.

 

ПредходнаСе одложи рочиштето против моторџијата кој го прегази Југослав Николовски
СледнаСе „повлекуваат независните“ од втор круг во корист на вмровски кандидати. По Македонски брод се повлече и од Могила