Ренџ Ровер на Шекил О’Нил вреден околу 165.000 евра, кој беше специјално дизајниран за да може кошаркарската легенда да може удобно да седи зад воланот, исчезна.

Информираните извори веруваат дека кражбата се случила по хакерски напад врз транспортна компанија која била задолжена за транспорт на возила. Компанијата која работела на прилагодување на автомобилот сега нуди награда за секоја информација која би довела до негово откривање.
Исчезнал за време на транспортот
Сосема новиот автомобил беше во процес на адаптација во Effortless Motors, и се очекуваше дека вредноста на возилото ќе се зголеми на околу 257.000 евра по завршувањето на работата.
Компанијата организирала превоз на автомобили од Атланта до Луизијана. Возилото било подигнато во понеделник, 20 октомври, но никогаш не стигнало до својата дестинација. Кога Effortless Motors контактирале со превозникот за да го проверат статусот на пратката, тие дознале дека автомобилот исчезнал на патот.
Тие нудат награда
Се верува дека крадците го хакнале системот на транспортната компанија за да добијат пристап до податоците за преземање и испорака. Тие ја искористиле оваа информација за да ја пресретнат пратката и да го пренасочат автомобилот на Шек во непозната насока. Effortless Motors изјавија дека нудат награда од 8.500 евра за информации или враќање на возилото.
Шек соработува со полицијата
Шек соработува со полицијата во потрага по неговиот црн, специјално направен SUV. Шек е познат како страствен автомобилски ентузијаст, а неговата колекција се проценува дека вреди до 3,5 милиони евра. Вклучува модели како Ферари 355 Ф1 Спајдер од 2018 година, Бентли Азур, Ламборгини Галардо и Вајдор, од кои многу се специјално прилагодени на неговата висина.
Познатиот кошаркар еднаш изјавил дека поседува 40 автомобили, додавајќи: “Не знам зошто”. Се чини дека сега има 39 од нив. Полицијата сè уште не коментирала за случајот.




