Викендов почнува зимското сметање на времето. Во сабота во 03 часот стрелките на часовникот ќе се поместат еден час наназад што значи времето во три часот ќе се смета како два часот.
Зимското сметање на времето почнува последниот викенд во октомври и трае до последниот викенд во март кога настапува летното сметање на времето.
Зимското сметање на времето го применуваат поголем дел од државите на европскиот континент, освен Исланд, Русија и Белорусија.
На 4 март 2019 година во Европскиот парламент беше изгласано да се укине сезонското поместување на времето од 2021 година, но Советот на ЕУ сè уште нема донесено конечна одлука.
Сезонското менување на времето, освен во Европа, се применува и во повеќето земји од Северна и Централна Америка, како и во повеќе други држави во светот. Времето не се менува во Јапонија, Кина, Јужна Кореја, ниту во земјите од африканскиот континент




