Одложено е денешното судско рочиште на кое требаше да биде донесена пресуда за скопјанецот Ф.Љ. кој со мотор на 1 јули на пешачка патека го прегази Југослав Николовски и побегна.
Рочиштето е одложено поради отсуство на обвинетиот Ф.Љ. кој, како што беше кажано, бил на инфузија поради стомачен вирус.
Ф.Љ. е обвинет за тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот и за неукажување помош на лице повредено во сообраќајна незгода.
Обвинетиот со мотор „Кавасаки“ немал возачка дозвола и возел по пешачка патека спротивно на сообраќајните прописи, а откако го прегазил Николовски, побегнал од местото на настанот.
Пешакот беше пренесен на Ургентниот центар во Скопје, каде подоцна им подлегна на повредите.
дома Македонија Црна хроника Се одложи рочиштето против моторџијата кој го прегази Југослав Николовски




