дома Македонија Политика Се „повлекуваат независните“ од втор круг во корист на вмровски кандидати. По...

Се „повлекуваат независните“ од втор круг во корист на вмровски кандидати. По Македонски брод се повлече и од Могила

Независниот кандидат за градоначалник на Могила, Сашо Пивковски ја повлече кандидатурата. За ова попладнево информираше преку објава на Фејсбук.
– Ова не беше лесна одлука, но верувам дека е исправна и чесна во овој момент – во интерес на нашата општина и на сите граѓани што живеат во неа. Во изминатиот период слушнав различни мислења, совети и размислувања. Сфатив дека политиката не смее да создава поделби меѓу луѓето, особено не меѓу пријатели и семејства. Нашата сила е во заедништвото, не во поделбите. ВМРО-ДПМНЕ е мојата партија, мојот политички дом. Како нејзин член секогаш сум се водел од идејата за чест, работа и почит кон луѓето. Така било и ќе остане. Ќе продолжам да го поддржувам сето она што е во интерес на граѓаните и на вредностите за кои се залага оваа организација, напиша Пивковски.
ПредходнаАхмети: Не изгубив на изборите за да се повлечам
СледнаХрватскиот парламент гласаше за воведување основна воена обука