дома Македонија Политика „Фол“: Ахмети размислува за повлекување по локалните избори

„Фол“: Ахмети размислува за повлекување по локалните избори

  Лидерот на Демократската унија за интеграција (ДУИ) Али Ахмети сериозно размислува да се повлече од активната политика, објави медиумот на албански јазик „Фол“.

„Фол“: Ахмети размислува за повлекување по локалните избориСпоред информациите на медиумот добиени од ДУИ, Ахмети веќе разговарал за оваа одлука со дел од своите најблиски соработници, како и со политички партнери од Албанија и Косово.

Конечната одлука се очекува да биде објавена по завршувањето на вториот круг од локалните избори, со цел да не се влијае врз исходот за кандидатите на партијата.

Засега нема официјален коментар на оваа информација од ДУИ и од Ахмети, кој се нема огласено во медиумите и социјалните мрежи по првиот изборен круг на 19 октомври, на кои коалицијата НАИ, предводена од ДУИ, победи само во Липково и во Пласница. Во Пласница, коалицијата ВРЕДИ не предложи кандидат, пишува „Фол.мк“.

Оставка од Ахмети по првиот круг од локалните избори, а особено по поразот во Чаир, побараа челниците на ВРЕДИ. Кандидатот на ДУИ Бујар Османи кој загуби од Изет Меџити од ВРЕДИ во Чаир, напиша на Фејсбук дека „Али Ахмети е и останува неоспорен идеолог и лидер на Албанците“.

ПредходнаТрамп и Си Џинпинг ќе се сретнат во Јужна Кореја на 30 октомври
СледнаВенецуела: ЦИА нема да успее да го собори Мадуро