дома Локално Преминуваме на зимско сметање на времето.

Преминуваме на зимско сметање на времето.

Ноќта помеѓу 25 и 26 октомври, во 3 часот по полноќ, почнува зимското сметање на времето. Часовникот ќе се врати еден час наназад, односно ќе биде 2, а денот ќе трае еден час подолго од останатите во годината.

Преминуваме на зимско сметање на времето.Промената од астрономско време во летно сметање на времето беше воведена за да се заштедат трошоците за електрична енергија преку оптимално искористување на дневната светлина во текот на пролетните и летните месеци, кога дневните часови се подолги. Сепак, експертските пресметки покажуваат дека ефектот е незначителен.

Промената помеѓу летното и зимското сметање на времето има за цел подобро да се искористи дневната светлина. Напролет, часовниците се поместуваат еден час нанапред за да се овозможи подоцна да се стемни, додека наесен се поместуваат еден час наназад за да се прилагоди на зимската дневна светлина. Зимското сметање на времето е вистинското, астрономско време што одговара на временската зона во која се наоѓа земјата.

Промената на времето има и позитивни и негативни ефекти. Адаптацијата за повеќето луѓе трае помеѓу 2 и 5 дена.

Од 2019 година, во ЕУ се води дебата за одржување на еден час летно сметање на времето во текот на целата година.

ПредходнаСликата на Пикасо, портрет на Дора Мар, продадена за 27 милиони евра на аукција во Париз
СледнаПетто издание на саемот Скопје Air Fair во Градски парк