дома Свет Руското Министерство за одбрана потврди дека е извршен голем напад врз Украина.

Руското Министерство за одбрана потврди дека е извршен голем напад врз Украина.

Русија изврши „масовен удар“ користејќи „високопрецизно, долгодометно, копнено оружје“ (т.е. ракети) и дронови за напад врз претпријатија од украинскиот воено-индустриски комплекс и објекти за енергетска инфраструктура кои ги обезбедуваат нејзините активности, се вели во соопштението на руското Министерство за одбрана, цитирано од Би-Би-Си.

Руското Министерство за одбрана потврди дека е извршен голем напад врз Украина.Руската војска го опиша масовниот напад како одговор на украинските напади врз цивилни цели во Русија. Како и во сите претходни изјави, руското Министерство за одбрана тврди дека сите назначени цели биле погодени.

Руското Министерство за одбрана не го спомена Киев во своето соопштение.

Во Киев, продолжуваат напорите за гаснење на големите пожари по нападот што се случи во текот на ноќта . Чад се издига над левиот брег на градот. Властите и спасувачките екипи пријавија два смртни случаи и повеќе од 10 повредени во украинскиот главен град.

Градоначалникот Виталиј Кличко изјави преку ноќ дека Киев бил погоден од балистички ракети. Во својот утрински извештај, украинските воздухопловни сили споменаа девет балистички ракети „Искандер-М“ , од кои пет беа соборени. Украинските воздухопловни сили не прецизираа каде биле погодени петте ракети.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски повторно повика на итна меѓународна помош за зајакнување на воздушната одбрана на земјата, особено за обезбедување на системите „Патриот“. „Токму поради ваквите напади обрнуваме посебно внимание на системите „Патриот“ за да ги заштитиме нашите градови од овој ужас“, рече тој.

„Речиси секој напад врз нашиот народ вклучува комбинирани балистички напади. Само од почетокот на оваа година, Русија испали приближно 770 балистички ракети и повеќе од 50 ракети „Кинжал“ кон Украина“, продолжи Зеленски.

„Сè е можно: нашите партнери ги имаат потребните системи и веќе можат да помогнат во заштитата на Украина“, заклучи Зеленски. „Америка, Европа и земјите од Г7 можат да помогнат да се осигура дека ваквите напади нема да ги загрозат човечките животи. Руските балистички ракети бараат одговор од силни земји.“

ПредходнаНов раст на цените во САД
СледнаМицкоски од Лозово: Во вториот круг да се излезе уште помасовно, очекувам 59 градоначалници