Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека ќе потпише мировен договор меѓу Камбоџа и Тајланд штом ќе пристигне во Малезија,напиша АП.
„Одам во Малезија каде што ќе потпишам прекрасен мировен договор за кој бев горд што посредував со Камбоџа и Тајланд“, напиша Трамп на социјалната мрежа The Truth Social.
Според него, договорот ќе биде потпишан „веднаш по пристигнувањето“ .
Американскиот лидер, исто така, изрази сочувство за смртта во петокот на тајландската кралица мајка Сирикит: „Изразувам сочувство до големиот народ на Тајланд“.
Тој, исто така, објави дека има намера да се сретне со малезискиот премиер Анвар Ибрахим.
Утрото на 24 јули, на границата меѓу Тајланд и Камбоџа започнаа вооружени судири .
Спорот меѓу Тајланд и Камбоџа се протега околу необележаните делови од нивната заедничка граница од 817 километри, чија оригинална карта ја нацртала Франција во 1907 година, кога Камбоџа била под француска колонијална контрола.
Најновиот конфликт траеше пет дена и вклучуваше артилериско гранатирање и бомбардирање од борбени авиони , при што загинаа најмалку 43 лица , а повеќе од 300.000 беа принудени да ги напуштат своите домови од двете страни на границата.




