дома Локално Мециновиќ не одговори дали Левица ќе даде поддршка за кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ...

Мециновиќ не одговори дали Левица ќе даде поддршка за кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ или за тој на ДУИ во Кичево

„Портпаролската функција за овие избори ми е ставена на пауза. Не дека нема да имаме став, ќе имаме став. Не ми е местото сега јас да го коментирам ова, затоа што имаме една голема обврска пред нас, а тоа е вториот круг за Град Скопје“, рече тој
Кандидатот за градоначалник на Град Скопје од Левица, Амар Мециновиќ  во гостување во Дневникот на ТВ Сител не одговори дали неговата партија во вториот круг од локалните избори во Општина Кичево, ќе даде поддршка на актуелниот градоначалник Фатмир Дехари од „Националната алијанса за интеграција“ (НАИ), предводена од ДУИ или на кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Јовановски.
а партијата на оваа тема секако ќе заземе став.

„Портпаролската функција за овие избори ми е ставена на пауза. Не дека нема да имаме став, ќе имаме став. Не ми е местото сега јас да го коментирам ова, затоа што имаме една голема обврска пред нас, а тоа е вториот круг за Град Скопје“,рече тој.

 Јована Мојсоска, пратеничка од Левица и генерален секретар на партијата, денеска рече дека ВЛЕН и Демократската унија за интеграција (ДУИ) отворено соработуваат во три општини, како Чашка, Брвеница и Кичево, веројатно како „благодарност“ што ВМРО-ДПМНЕ и лидерот Христијан Мицкоски ги оставија без свои кандидати за градоначалници општините Гостивар, Тетово и Струга.
ПредходнаПромената на времето не е проблем за бизнисот, туку неусогласеноста на божиќните празници и недела неработен ден
СледнаМарко Рубио: Нема да се откажеме од Тајван за договор со Кина